Политика за приватност на личните податоци на интернет страницaта www.mirror.mk
Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Мирор ги обработува податоците на корисниците при посета на интернет страница www.mirror.mk.
Со пристапот или со користењето на оваа апликација, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на Политиката за приватност и со начините на користење на апликацијата.
Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Мирор ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму:“корисник”) при посета на интернет страницата www.mirror.mk (понатаму: ”интернет страница”).
Оваа Политика на приватност не се однесува ниту на лични податоци кои ги собираат други интернет страни, до кои пристапувате преку нашaтa интернет страна.
1.Собирање на лични податоци од корисник
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Лични податоци се податоци кои го идентификуваат крајниот корисник. Кога ќе се вклучите во некоја активност на интернет страница, како на пример креирање на профил, порачување производ може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас.
При посета на интернет страницата, Мирор ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
Собраните лични податоци при користење на поединечната електронска услуга не се чуваат на интернет страната.
2.Податоци кои се собираат автоматски
Со секој поединечен пристап на нашата интернет страница, се врши собирање на податоци како што се: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на интернет страницата, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.
На интернет страната се собираат и податоци со помош колачe (cookie) кои се запишуваат на Вашиот компјутер. Целите и начинот на користењето на колачето е согласно условите во Политиката за Користење на колачиња.
3.Начин на собирање на личните податоци
Начинот на собирање на личните податоци се одвива со електронско внесување на личните податоци во рамки на изготвувањето на online нарачки достапни на интернет страницата www.mirror.mk.
4. Регистрација
Преку интернет страницата www.mirror.mk можат да се купат производи кои се прикажани во online продавницата.
Кога се купува од Е-ПРОДАВНИЦАТА, Вие се обврзувате дека ќе обезбедите точни и ажурирани податоци.
При користење на услугата On-line купување, ИВЕТ МАРКЕТ ГРОУП ДООЕЛ Скопје ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
• вашето име и презиме
• адресата оставена од Ваша страна
• телефонски број
• адреса на е-пошта
При користење на услугата Контакт во Информации, ИВЕТ МАРКЕТ ГРОУП ДООЕЛ Скопје ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
• вашето име и презиме
• адреса на е-пошта
5. За кои цели се користат собраните податоци и информации?
Ние ги обработуваме Вашите лични податоци со цел:
6. Начин на обработка на Вашите лични податоци и рокови на чување на Вашите податоци
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од Контролорот коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.
Обработката на Вашите лични податоци ја вршиме согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Дополнително, применуваме сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.
Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои имаме законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон.
Личните податоци при користење на услугата On-line купување имаме законска обврски да ги чува сите документи и записи со Вашите лични податоци а кои се однесуваат на реализирани продажби и плаќања, во рок од 3 (три) години или подолг законски рок (доколку е пропишан со закон) кој е задолжителен за чување на сметководствена документација и исправи кои се однесуваат на платен промет согласно Законот за архивско работење.
Личните податоци при користење на услугата Контакт во Информации, ги чуваме се до повлекување на Вашата согласност, освен доколку истите се дадени заради реализација на Ваши права во врска со купен производ, во кој случај ги чуваме податоците во рок од 1 (една) година.
7. Политика за начин на вршење на обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија за нашите производи и услуги или за нашите поврзани услуги, вклучително и нашите објавувања на најновите производи и на претстојни настани. Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, SMS, телефонски или целни интернет-реклами. Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме за Вас.
Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата.
Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг.
Или, Вашите права може да ги остварите на едноставен начин со контакт на:
Е-маил адреса: info@mirror.mk
8. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат преку електронска порака
Лични податоци кои ги прибираме се и оние кои Вие доброволно ги доставувате во случај на испраќање на електронска порака директно на нашата е-маил адреса оставена како контакт на интернет страницата.
Со испраќање на ваква електронска порака до нашите електронски адреси прибираме податок за Вашата:
Ве замолуваме да не споделувате посебни категории на лични податоци, како лични податоци кои откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања или членство во синдикални организации, како и генетски податоци, биометриски податоци, податоци што се однесуваат на здравјето или податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација.
9.Директен маркетинг
Вашите лични податоци може да ги користиме за да ви праќаме директни маркетиншки соопштенија за нашите производи и услуги или за нашите поврзани услуги, вклучително и нашите објавувања на најновите производи и на претстојните настани. Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање,Viber, SMS, телефонски или целни интернет-реклами. Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за вас, врз основа на податоците што ги имаме за вас.
Вие имате право во секое време да прекинете да примате директен маркетинг. Тоа може да го направите следејќи ги линковите за исклучување на определена опција во електронските комуникации (како што се пораки преку е-пошта) или така што ќе контактирате со нас како наведено во дел 6. Исто така, Вашите лични податоци ги користиме за усогласување или за персонализирање на реклами, за понуди и содржини што ви се ставаат на располагање врз основа на вашето користење на нашите мобилни апликации, интернет-страници, платформи или услуги и за анализа на перформансите на тие реклами, понуди и содржини, како и на вашата интеракција со нив.
10.Правата на корисниците во однос на обработката на нивните лични податоци
Личните податоци коишто ги собира и обработуваме се дадени единствено за цели на директен маркетинг, за реализација на online нарачките, како и за останатите потреби, како што е наведено погоре. Во таа насока, секој корисник како субјект на лични податоци, согласно Законот за заштита на личните податоци, ги има следниве права:
За остварување на овие права, може да не контактирате на следната мејл адреса: info@mirror.mk
Доколку имате приговор на начинот на обработка на Вашите податоци на нашата интернет страна, имате право да се обратите и до:
Агенција за заштита на личните податоци, бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, Скопје https://www.dzlp.mk/ контакт меил: info@privacy.mk
11. Давање податоци на користење на трети лица
Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.
12. Пренос на лични податоци во други држави
Мирор може да изврши пренос на личните податоци кои ги обработува во согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци.
13. Промена на политиката на приватност од Контролорот
Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страница, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. На секој корисник паѓа одговорноста периодично да ја прегледа Политиката за приватност и да ги прочита нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страница, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.
14. Прифаќање на условите
Со користењето на интернет страницата www.mirror.mk, се согласувате со условите од Политиката за приватност. Доколку не се согласувате, Ве молиме не ја користете интернет страницата mirror.mk
15. Датум на објава на Политика на приватност
10.02.2025 година