Замена за друга големина
Во случај кога сака да ги замени нарачаните и примени производи, клиентот има можност да ги замени само со истите модели и различни големини во рок од 15 дена од приемот. Вратените производи мора да бидат со етикети, во добра комерцијална состојба, да не се носени, перени, пеглани, искинати, да се чисти, без мириси (како креми, парфеми или чад од цигари). Кон пратката мора да биде приложено следното: Формулар за прием и враќање на производите, рекламација и замена. Во случај на враќање и замена на нарачката, курирските услуги се на товар на клиентот.
Сите прашања поврзани со замената и вредностите на производите може да се разјаснат на е-пошта info@mirror.mk.
Ако гореспоменатите услови не се исполнети, замената нема да биде извршена!
Рекламации може да се поднесуваат во случај на: констатирани производни дефекти, испратени погрешни производи, различни од нарачаните. Рекламација за производите оштетени за време на транспортот се разгледуваат само врз основа на извештај за рекалмација подготвен во присуство на курир. Во таков случај на рекламација, Продавачот ги прифаќа трошоците за курирските услуги, а веднаш потоа Вие треба да го контактирате нашиот оператор за да го одредите начинот на враќање. Рекламациите се прифаќаат во согласност со чл.22 од ЗЗП.